Шефот на чешката држава Милош Земан се надева дека новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп ќе биде силен претседател, јави дописникот на МИА од Прага.
Според Земан, симпатичен е фактот дека Трамп е против илегалната имиграција и исламскиот тероризам и дека овој отпор опишува ослободување од политичката коректност.
Земан, исто така, додаде дека би бил среќен ако американски амбасадор во Чешка биде Ивана Трамп, првата сопруга на новиот американски претседател, функција на која таа самата се понуди неодамна.