А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Собранието прокиснува, парите однапред потрошени

by А1он29/11/2012 - 16:1229/11/2012 - 16:17160
Share0

Собранието прокиснува.

Следете a1on на Instagram Instagram

Попушти покривот на Салата на владата и го поплавил подот. Фотографиите  се  направени во прес центарот .

Собранискиот покрив попуштил поради обилниот дожд. Со месеци трае реновирањето на покривот, кој се докажа како неотпорен на дожд. Со кофи и крпи собранието се бранеше од дождовните капки кои продираа низ таванот.

Пратениците и гостите за да не седат со чадори, беа преместени во други сали, бидејќи прокисна во салата на Влада, која се наоѓа на приземјето.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вработени се жалат дека исто е и во други простории, но никој не сака јавно да проговори. На снимателите  не им беше дозволено ова да го регистрираат. Но,  спикерот Трајко Вељаноски нема да бара одговорност за нечија несовесност во работата ,  иако 240 милиони денари, пари од народот се одвоени за реновирање на зградата на Парламентот.

Пари нема за пратениците за патни и дневни трошоци, она што им е законски загарантирано. Веќе 6 месеци доцни исплатата а потрошени се сите 70 милиони денари, наменети за оваа потреба.

Дека нешто не фунционира на релација Собрание-Заеднички служби на Влада покажува и фактот дека наместо службени возила, за официјални високи гости на Законодавниот дом се зема Рент-а-кар возила.

Од Владата велат дека Собранието е должник и за услугите на собраниското бифе, каде веќе освен јајца во неколку варијанти, не може да се добие речиси ништо за јадење.Сите се снаоѓаат како знаат и умеат, а интензивна работа се најавува и за наредниот период.

Маратонската дебата за законот за бранители и за буџетот продолжува, на 18-ти претседателот Ѓорге Иванов ќе го има редовното годишно обраќање, и на  крајот на календарската 2012 , пратениците ќе ја испрашуваат Владата.

По Нова година претседателот Трајко Вељаноски ќе ги распише локалните избори.

sobranie

Би можело да ве интересира

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15

Собранието ги донесе законите за судска и јавнообвинителска служба

Катерина Ѓуровски26/06/2026 - 14:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео