Северна Кореја: Не е важно кој е претседател на САД

Од:

Министерот за надворешни работи на Северна Кореја Ким Јонг Хо изјави дека на неговата земја не и е важно кој е претседател на САД, но дека сакаат да знаат дали САД ќе ја окончаат нивната „непријателска политика“.

– Најважно е тоа дали САД ќе имаат волја да ја прекинат нивната непријателска политика кон Северна Кореја, истакна Ким на прес-конференцијата во седиштето на ОН во Њујорк, одржана по заседанието на Комитетот на ОН за предлог-резолуцијата за „систематските, сеприсутните и грубите кршења на човековите права“ во Северна Кореја.

Северна Кореја претходно ги осуди САД и Јужна Кореја за подготвување на војна, бидејќи одржуваат заеднички воени вежби.

Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп во мај истакна дека има намера да разговара со севернокорејскиот лидер Ком Јонг Ун, со цел да ја прекине нуклеарната програма на Пјонгјанг.

Северна Кореја е под санкции на ОН од 2006 година, а во март оваа година санкциите се продолжени по нуклеарните проби кои беа одржано во јануари и февруари годинава.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот