Груевски : Скандинавското роуд шоу полн погодок

Од:

Премиерот Никола Груевски по обиколката на четирите скандинавски земји кажа дека посетата е успешна и постигната е целта.

„Извршивме презентација пред повеќе од 200 компании во овие четири држави и со голем дел од нив имавме поединечни средби на кои што се распрашуваа за детали поврзани за нивниот сектор и верувам дека дел од нив во следниот период ќе дојдат да поработат на подготовки за отворање на нивни компании во Македонија“, рече премиерот Груевски.

Според Груевски скандинавските компании малку знаат за можностите за инвестирање во земјава, потенцирајќи ги ниските трошоци за правење бизнис и стабилната макроекономска ситуација.

„Малку ги познаваа можностите и со задоволство слушаа, многу од нив потенцираа дека со задоволство ќе ја посетат Македонија. Особено ова е значајно сега во Европа кога се случува должничка криза и рецесија, еврото е во деликатна ситуација и овие земји кои дел од нив немат евро, освен Финска, нивните фирми се заинтересирани да бараат локации за инвестирање во земји надвор од ЕУ. Од таков аспект се чини дека доаѓањето во овој момент е вистински важно. Тоа го нагласи, министерката за трговија на Шведска која потенцираше дека сме дојдени во прав момент, бидејќи баш сега нивните фирми бараат дестинации кои се надвор од опасноста во Еврозоната“, рече Груевски.

Груевски кажа и дека посетата е полн погодок и од политички аспект зашто четирите скандинавски земји се во групата држави кои досега ја поддржувале Македонија.

„Сите од нив се влијателни држави. Со оваа посета и со овие разговори и аргументите кои ги дадовме особено во делот на уцените кои ги прави Грција верувам дека во иднина ќе имаат свој придонес во нивните ставови во однос на поддршката која ја даваат за Република Македонија“, рече премиерот Груевски.

 

Би можело да ве интересира

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција