СДСМ бара враќање на дневната евтина тарифа за електрична енергија

Од:

СДСМ бара повлекување на августовските одлуки на Регулаторната комисија и враќање на дневната евтина тарифа за електрична енергија, а Владата да им наложи на ЕЛЕМ и МЕПСО да запрат со сите непродуктивни трошоци, да спроведат политика на заштеди во своите компании и со тоа да обезбедат основа за намалување на цената на струјата, рече денеска на прес – конференција Миле Андонов, од СДСМ.

„Во пресрет на зимата и најстудените месеци, граѓаните се исплашени од новиот ценовен шок кој ќе им го донесат сметките за струја. Се потврдија предвидувањата на СДСМ дека поскапувањето на струјата, извршено нетранспарентно, во очи на илинденските празници, кога граѓаните или го чествуваат Илинден, или се на одмор, ќе биде многу поголемо од  најавените 10%, односно дека укинувањето на дневната евтина тарифа ќе предизвика дополнително зголемување на трошоците за електрична енергија.

– Уште тогаш се спротивставивме и предупредувавме дека одлуките на Регулаторна ќе предизвикаат преголем товар за граѓаните соочени со сиромаштија, а поради основаните сомнежи за незаконитост, Хелсиншкиот комитет нив ги оспори и пред Уставниот суд.

– Како и секогаш, власта остана глува на сите апели, а сметките за најстудените месеци кои допрва ќе пристигнат со сигурност ќе предизвикаат уште поголем шок. Регулаторна комисија за енергетика, која пратениците на ВМРО – ДПМНЕ ја спасија од интерпелација, води сметка, само за големите енергетски монопли, без да води сметка за сотојбата на граѓаните, и нивната неможност да ги подмируваат вака зголемените сметки“, изјави Миле Андонов, СДСМ.

Би можело да ве интересира

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ

А1он

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ секогаш биле и ќе останат политички „кукавици“

А1он

(ВИДЕО) Филипче: Денешниот конгрес е нов почеток, нова борба, нова надеж дека можеме да ја вратиме партијата на победнички патеки

А1он

СДСМ денеска на конгрес ќе ги избира највисоките тела на партијата

А1он

СДСМ утре ќе го одржи 30. Конгрес на кој ќе избере ново раководство