А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Притвор за велешанец познат нарко дилер

by А1он29/11/2012 - 15:03303
Share0

Од страна на Одделот за недозволена трговија со дрога (ОНТД) при Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во Велес вчера е лишен од слобода е Г.К.(28) од Велес познат нарко дилер и осомничен организатор на транспорти на хероин на релација Република Македонија – западна Европа.

Добивај вести на вибер

МВР денеска соопшти дека на 03.11.2012 година, од страна на ОНТД е реализиран случај на недозволена трговија со хероин, при што на граничниот премин Табановце на излез од Македонија беа запленети половина килограм наркотична дрога хероин. При претресот на багажот на патникот К.А.(22) од Штип кој патувал со автобус од Македонија до Австрија, во долниот дел на ранецот (дупло дно) кој го носел со себе била пронајдена наведената количина на хероин.

Од спроведената истрага е утврдено дека организатор на транспортот на хероинот е македонскиот државјанин Г.К. од Велес, кој го ангажирал К.А. и непосредно пред да тргне на пат му го предал ранецот во кој претходно бил сокриен хероинот да го транспортира кон Австрија.

Вчера, по претходно обезбедени наредба од Истражен судија извршен е претрес во домот на Г.К. во Велес, кој при влегувањето на полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. При претресот се пронајдени предмети кои ја потврдуваат неговата инволвираност во транспорти на хероин од Македонија кон земјите од западна Европа.

Од страна на Истражен судија од Основен Суд Скопје 1 Скопје на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

drogaveles

Би можело да ве интересира

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:2324/02/2026 - 15:18

Разбиена мрежа за дрога – повеќе од 100 уапсени во Украина, Полска и Молдавија

А1он21/02/2026 - 11:3021/02/2026 - 11:05

Вардар само што не се излеа во центарот на Велес

Горан Наумовски20/02/2026 - 17:32

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски19/02/2026 - 07:1019/02/2026 - 07:11

Филипче: Немам врска со било која фирма за марихуана, власта прави дефокус од скандалот со 5 тони дрога

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:26

Уапсени се тројца гостиварци – кај нив најдена дрога и оружје

А1он14/02/2026 - 12:5014/02/2026 - 14:13
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен