Претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели тврди дека Црна Гора ќе се обрати до ЕУ во врска со демаркацијата на границата со Косово, пишува денеска приштинскиот весник „Телеграф“.
– Разговаравме со црногорските претставници и тие потврдија дека ќе упатат официјална нота до ЕУ и ќе побараат народот на Косово да не остане изолиран заради демаркацијата на границата, истакна Весели.