Претседателот на Русија, Владимир Путин разговараше вчера по телефон со новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп.
Путин и Трамп рамениле мислење за борбата против меѓународниот тероризам, екстремизмот и кризата во Сирија.
Рускиот лидеруште еднаш му честитал на републиканецот и му посакал успех во спроведувањето на предизборната програма.
Тој кажал дека е подготвен за одржи конструктивен дијалог со новата администрација на САД и тоа по принципот “еднакви права, взаемно почитување и немешање во внатрешните работи на државите“.
Во соопштението на прес службата се наведува дека Путин и Трамп се сложиле дека руско-американските односи се наоѓаат во “многу лоша состојба“. Тие исто така размениле мислења и за заеднички напор за нормализација на состојбата и “создавање на цврсти основи за билатерални односи низ развој на трговските и економските компоненти“.
Тие се сложиле да ги продолжат контактите преку телефон и во иднина да организираат лична средба, се наведува во соопштението од Кремљ.
Рукскиот претседател и Трамп размениле и мислења за здружување на силите во борба против меѓународнот тероризам и екстремизам, се наведува во соопштението.
-Владимир Путин и Доналд Трамп го делат мислењето за потребата да се здружат во борбата против заедничкиот непријател број еден-меѓународниот тероризам и екстремизам. Во таа смисла разговараа за решавање на кризата во Сирија, пишува во соопштението од руската прес служба.