ДОМ ја поздравува едногласната одлука на ДИК да ги отфрли изборните листи на партијата СДПМ. Тие беа поднесени со очигледна тенденција да измамат гласачи преку лица со слични имиња и адреси како оние на опозициската коалициона листа со СДСМ.
Ова е правилен потег на ДИК кој не прифати несериозни и измамнички листи направени со единствена цел со одземање опозициони гласови. Сите членови на ДИК покажаа професионален однос и интегритет, па очекуваме во тој дух да се однесуваат и во наредниот период пред, за време и по изборите.