Седум пакистански војници се убиени во гранатирање од индиска страна долж границата во регионот на Кашмир.
Пакистанската армија соопшти дека пакистански војници се убиени кај селото Бимбер во спорната област Кашмир, де факто граница меѓу Пакистан и Индија.
Односите меѓу двете нуклеарни сили се тензични од јули, а прекуграничното гранатирање е интензивирано изминатите недели.