Австрискиот канцелар Кристијан Керн не поддржува идеја на претседателот на ЕК, Жан Клод Јункер во врска со формирање армија на ЕУ.
Тој вели дека не може да замисли учество на австриска војска во акција која не би била под команда на Австрија.
– Подготвени сме солидарно да дадеме наш придонес. Австриска војска под команда што не е австриска во овој момент е незамислива, вели Керн во интервју за австриски медиуми.
И министерот за одбрана Ханс Петер Доскоцил критички гледа на предлогот на Јункер по изборот на Трамп за претседател на САД.
– Повеќе соработка, но армија на ЕУ одбиваме, изјави тој.