Повеќе од 600 натпреварувачи учествуваа на традиционалната ноќна атлетска трка „Низ улиците на Скопје“, што се одржа по повод 13 Ноември – Денот на ослободување на Град Скопје.
Организатор е Атлетската федерација на Македонија, а покровител е Град Скопје. Стартот на трката го означи градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.
Натпреварот, кој е вметнат во Календарот на АФМ, ЕАА, се организираше во четири категории, машка и женска трка за средношколци на 1 200 метри, и главна трка за сениори во машка конкуренција (6.000 метри) и во женска конкуренција (4.800 метри).
Во машка категорија (6.000 метри) победи Дарио Ивановски, втор беше Кристијан Стошиќ (Србија), а трет Милош Ранчиќ.
Во женска категорија (4.800 метри) првото место го освои Андријана Попарсова, второто Весна Ќиранциева, а третото Марго Бојаџиева.
Во конкуренција на средношколци-машка категорија (1.200 метри) победник е Иван Тимчевски, пред Павле Јовановски и Павел Јаневски. Во женска категорија најбрза беше Емона Кадриу, втора Ирина Хајдари, а третопласирана Јана Митовска.
Град Скопје оваа манифестација ја финансира со 120.000 денари.