Најмалку 13 лица загинаа денеска при пожар во конфекциска фабрика во едно источно предградиe нa индискиот главен град Њу Делхи.
Како што објавија индиските медиуми, пожарот избувнал во призeниот кат на една станбена зграда, каде била сместена фабрика за производство на кожeни јакни.
Еден очевидец за локланите медиуми изјави дека противпожарните возила пристигнале на местото, дури два часа по избувнувањето на пожарот.
Полицијата соопшти дека пожарот во фабриката најверојатно бил предизвикан од краток спој во електричната инсталациуја или фрлено догорче од цигара.