Жак Ширак го слави својот 80-ти роденден

Од:

Поранешниот француски претседател Жак Ширак денеска го слави својот 80-ти роденден, јави дописникот на МИА од Париз.

Една од последиците од внатрешната борба на политичкото семејство на Жак Ширак – УМП, која се уште не може да се обедини меѓу приврзаниците на Жан-Франсоа Копе кој беше прогласен за победник на изборите и Франсоа Фијон, кој ја оспорува регуларноста на изборите, славењето на роденденот е одложено за идната недела.

Осумдесеттиот роденден, Жак Ширак, кој помина 12 години на чело на француската држава ќе слави во најтесното семејство.

Според она што протече во јавноста од неговите блиски, Ширак со внимание следи што се случува во УМП, но без поголемо возбудување. Ширак, чита, гледа телевизија, но воопшто не се интерсира за актуелните настани, тој премина на нешто друго, вели еден негов поранешен министер. Според пишувањето на францускиот печат, Ширак е болен и се поретко излегува на прошетки во Париз.

– Тој не слуша добро, се движи со мака, секогаш се потпира на полицаецот од обезбедувањето, и неговата меморија не е баш најдобра, вели еден од неговите посетитетли.

Иако со нарушено здравје, тоа не го спречува Ширак да го посетува музејот на Кејот Бранли посветен на примитивната уметност, чиј иницијатор беше токму тој. Или пак да посети некоја изложба. Ширак секојдневно оди во неговата приватна канцеларија на улицата Лил во седмиот париски арондисман и неговиот живот е регулиран на милеметарски начин: неколку телефонски разговори претпладне, следени со домашен ручек, пред да се врати да работи на неговата пошта до 18 часот.

Жак Ширак секоја вечер оди во брасеријата Конкорд на булеаварот Сант-Жерман неговиот втор „штаб“, каде го пие својот вечерен аперитив. Жак Ширак не е многу присутен во јавноста, тој според неговите блиски не сака да земе учество во разрешувањето на ситуацијата во УМП, а останува како легенда дека тој на последните избори гласал за Франсоа Оланд, кој беше пратеник од истиот департман како Ширак – Корез, односно против Никола Саркози. Семејството го заштитува Ширак, неделникот „Пари Мач“ донесува фото репортажа од интимноста на Ширак и според некои шпекулации неговиот внук Мартин се подготвува да влезе во политиката.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток