Шведската Влада одлучи, од безбедносни причини, за дополнителни три месеци да ја продолжи привремената погранична контрола, соопшти денеска министерот за внатрешни работи, Андерс Јгеман.
Минатата година Шведска „сврте грб“ на повеќедецениската великодушна политика кон мигрантите и воведе погранична контрола и поостри закони за азилантите откако во 2015 година 163 илјади луѓе предадоа барања за азил.
Јгеман за шведското радио истакна дека таквата одлука е донесена бидејќи и натаму постои опасност за „внатрешната безбедност“.