Манифестација „Го градам мојот град“- 2016

Од:

Во Детскиот културен центар „Карпош“ денеска ќе се одржи манифестацијата  „Го градам мојот град- 2016“, посветена на предучилишните установи, а во чест на градот Скопје.

– Манифестација има за цел да ги истакне детските творечки способности, детската креативност, поопширно да ги запознае децата со денот 13-ти Ноември и неговото значење за градот во кој живеат, информираат од ДКЦ „Карпош“.

Градинките, како и секоја година ќе ја претставува екипа од пет деца, а објектот кој ќе се гради е по нивен избор, како и градежниот материјал што ќе го користат.

За градинките учесници предвидени се симболични подароци во знак на благодарност и соработка.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем пожар во зграда во Чаир: Евакуирани над 100 луѓе, има повредени

Катерина Ѓуровски

АХВ нареди времено затворање на кујната во касарната „Гоце Делчев“

Горан Наумовски

Во Скопје се санираат штетите од синоќешното невреме

Повеќе од 12 часа делови од Скопје без струја

Од силниот ветер падна дрво и повреди жена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

Во Тетово и во Скопје уште се санираат последиците од невремето