Во експлозии на бомби чии мети биле шиитите, денеска загинаа најмалку 23 лица, а повредени се 84 во ирачките градови Хила и Карбала, соопштија полициски и медицински претставници.
Во градот Хила, две бомби поставени покрај пат со цел да погодат шиитски верници, умсртија 18 лица и повредија 71.
Во експлозија на автомобил во Карбала загинаа пет лица, а повредени се 13.
Шиитското мнозинство многу често е на мета на напади на сунитски екстремисти.
Милиони верници се собираат секоја година во Карбала по повод одбележувањето на смртта на имамот Хусеин, 680 година од новата ера.