Маја Морачанин наместо Лилјана Поповска на добитно место

Од:

Централниот одбор на Демократската обнова на Македонија (ДОМ) синоќа ги избра кандидатите за пратеници за претстојните парламентарни избори и донесе одлука за коалициски настап во рамки на опозициската коалииција предводена од СДСМ.

Маја Морачанин е кандидат на добитното четврто место во втората ИЕ, од која позиција претходно се откажа Лилјана Поповска, претседателката на партијата. Поповска ќе биде кандидат за пратеник во првата ИЕ, а Валентин Тасевски од Тетово во шестата ИЕ, соопштуваат од партијата.

Од ДОМ појаснуваат дека и покрај нивните заложби за самостоен настап, оцениле оти моментно е неопходно групирање на силите, за да се постигнеле промени во насока на функционална и демократска правна држава. Коалицискиот парнер, како што информираат, презел обврска дека ќе обезбеди промена на изборниот модел во една изборна единица со отворени листи, како и реализација на редица приоритети од зелената програма на ДОМ.

Би можело да ве интересира

ДОМ: Се противиме на промени во урбанистичкото планирање на брза рака

ДОМ: Интеграција наместо сегрегација

Вонреден конгрес на ДОМ – до локалните избори партијата ќе има в.д. раководство

Претседателката на ДОМ поднесе оставка

Горан Наумовски

ДОМ поддржува влез на ВМРО-ДПМНЕ во Владата, за продолжување на евроинтеграциските процеси

ДОМ со условена поддршка за Владата

Катерина Ѓуровски