„Европа е на крстопат“, предупреди првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард.
Таа ги повика европските лидери да дејствуваат брзо за да ја извлечат еврозоната од кризата.
„По пет години криза нашата крајна цел е да ја зачуваме стабилноста и да му дадеме поттик на растот и развојот на економиите. Нашата политичка волја повторно е пред силно искушение“, рече Лагард во говорот пред Административниот совет на ММФ, во Њујорк.
„Политичките лидери треба да определат и да следат јасен патоказ за извршување на работата, не со цел по пет или десет години, туку во следните седмици и месеци“, рече шефицата на ММФ.
Силно предупреди и на можноста од распад на монетарната унија и цврсто се залага за безусловно опстојување на проектот Европа.