Дванаесет борци од ПКК се убиени во воздушен напад на турската армија

Од:

Дванаесет борци од Курдската работничка партија (ПКК) се убиени денеска во воздушни напад на турската армија во југоисточна Турција, јави Анадолија.

Воздушните напади биле извршени со дронови во округот Шарнак рано изутринава. Еден од борците на ПКК бил фатен жив.

За време на антитерористичкатра операција во округот турските војници уништиле складови со експлозиви, оружје и муниција на курдските сепаратисти.

ПКК, која води вооружена борба против Турција од 1984 година, се смета за терористичка организација од Анкара, ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски