МФ: Опозицијата ги злоупотребува аукциите на државни записи за пропагандни цели

Од:

Министерството за финансии во реакција на соопштението на дополнителниот заменик-министер за финансии наведува дека опозицијата со пласирање невистини и полувистини во јавноста ги злоупотребува аукциите на државни хартии од вредност во пропагандни цели.

Доказ, како што стои во реакцијата, за тоа е што и дополнителниот заменик министер за финансии Наумов и одредени медиуми, во настојувањето да прикажат дека државата се задолжува, испуштија да напоменат дека вчера во стопанството се вратени 12,2 милиони евра по основ на државни хартии од вредност.

Од Министерството појаснуваат дека секаде во светот економиите издаваат државни хартии од вредност и тие се значаен дел од пазарот на капитал. Според МФ доколку опозициската СДСМ смета дека овој фискален инструмент е негативен, тогаш зошто го вовеле во 2004 година и организирале аукции.

– Државните хартии од вредност се најсигурни хартии од вредност на пазарот на капитал. Затоа и побарувачката за нив е голема. Сепак, Министерството за финансии е прудентно и износите на кои ги издава државните хартии од вредност се далеку под она што се бара од инвеститорите. Согласно структурата на понудата и рочноста се носи одлука колку од дополнителната побарувачка од инвеститорите да се прифати. Големата побарувачка од страна на инвеститорите е доказ за нивната доверба во домашната економија и економските политики кои се спроведуваат од страна на Владата. Сите средства од нето повлекувањето со државни хартии од вредност остануваат на депозитната сметка, стои во реакцијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Вработени во МФ бараат исплата на додатокот на плата од 30 отсто

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

МФ: Новата ПЕР 2024-2026 усвоена од Владата, поставена основа за нашата Реформска агенда за Планот за раст на Западен Балкан

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација