ВИДЕО: Лажна паника во Стајковци, поплава нема

Од:

Покрај алармирањата на некои медиуми дека Стајковци повторно се поплавува, на терен може да се види спротивното.

По информациите и фотографиите, А1он отиде во селото, каде може да се види вода во несанираните дупки на улиците, како последица од поплавите кои пред три месеци го зафатија Стајковци и речиси пополнет канал, но никаде поплави во големи размери.

Граѓаните не сакаа да зборуваат пред камера бидејќи како што велат, нема шетети од водата, но зад камерите велат дека ова се случува секогаш кога ќе падне поголема количина на дожд. Велат, на почетокот се исплашиле дека ако не престане дождот, би можело повторно да се случи истото, но сега е нормална состојбата.

Инаку, власта вчера се задолжи со нови 36 милиони евра со кои треба да се исплатат штетите на поплавените. Парите кои им следуваат ниту оддалеку не може да ја надомести штетата која ја претрпеа.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

ЦУК: Поплавени се ниви, дворови, куќи и магацини, регистрирани се мали одрони на одредени патни правци

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

Реката Црна се излеа во демирхисарските села Бараково и Граиште

Поплави во Косово – Курти тврди дека ситуацијата е под контрола

А1он

Надојдена Калковска Река, сообраќајот пренасочен

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам