„Извршниот одбор на ДОМ на својата вчерашна седница ја поддржа одлуката на претседателката Лилјана Поповска да се повлече од добитното четврто место во И.Е.2, а на нејзино место да биде предложен друг кандидат од ДОМ, кој доследно ќе се бори за демократските принципи и зелените политики.
Извршниот одбор оцени дека сега, непосредно пред важните парламентарни избори, е време за единство и дека овој потег оди во насока на поголема слога и кохезија во опозиционите редови. На овој начин ќе може сите демократски сили во земјата да се насочат кон позитивни промени и демократизација на земјата. Истовремено, ДОМ покажува со пример дека е воден од идеали и принципи.
Конечните одлуки за кандидатите што ќе го претставуваат ДОМ на изборните листи ќе бидат донесени утревечер, на седница на Централниот одбор на ДОМ“, се вели во соопштението.