„Вијести“: Црногорската опозиција ќе бара од Вујановиќ нови избори

Од:

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ за утре закажа консултации со парламентарните партии за мандатар, а опозициските партии најавија дека од него ќе бараат мандат за состав на преодна Влада која, без Демократската партија на социјалистите (ДПС), како што наведуваат, ќе организира нови избори кои би биле фер и демократски.

Опозициските партии денеска ќе одлучат за тоа кој ќе оди кај Вујановиќ, а станува збор за Демократскиот фронт, Социјалдемократската партија (СДП), Демократите и коалицијата Клуч, пишува „Вијести“.

На денешниот состанок на опозицијата би требало да биде договорено кој ќе биде претставник на разговорите со Вујановиќ.

Имено, владејачката ДПС на Мило Ѓукановиќ непосредно по соопштувањето на резултатите го одреди за мандатар заменик претседателот на партијата Душко Марковиќ.

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба