Турски авиони ловци гаѓале цели на ПКК во источна Турција и северен Ирак

Од:

Турски авиони ловци гаѓале цели на Курдската работничка партија (ПКК) во источна Турција и северен Ирак, информира турската телевизија НТВ.

Во нападите во округот Тунџели биле убиени петмина курдски борци.

При гаѓањето во регионот Зап, во северен Ирак, биле погодени серија цели на ПКК. Конкретно, биле уништени засолништа, како и склад за оружје и муниција на курдските сепаратисти.

ПКК, која од 1984 година води вооружена борба против турската држава, од страна на Анкара, ЕУ и САД е третирана како терористичка организација. Борците на групата имаат свои бази во северен Ирак.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

ПКК ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“