Конституиран новиот црногорскиот Парламент без присуство на опозицијата

Од:

Без присуство на пратениците на опозициските коалиции и партии, денеска во Цетиње беше конституиран новиот црногорски Парламент.

Пратениците и покрај очекувањата не избраа претседател и потпретседател на Парламентот.

Опозицијата не присуствуваше на парламентарната седница бидејќи смета дека изборите на 16 октомври не биле слободни, демократски и фер.

Во новиот состав на црногорскиот Парламент има 81 пратеник од кои 36 од владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС), 18 од опозицискиот Демократски фронт (ДФ), девет мандати освои Големата коалиција Клуч, Демократите осум, Социјалдемократската партија (СДП) – четворица, Социјалдемократите и Бошњачката партија имаат по два пратеник, а коалицијата Албанци решително и Хрватската граѓанска иницијатива по еден пратеник. 

Би можело да ве интересира

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски

Уште една жртва од масакрот во Цетиње, почина еден од тешко ранетите

Катерина Ѓуровски

Црна Гора: Спајиќ не присуствува на божиќната литургија поради лошата здравствена состојба