Вчера околу 12,15 часот во Скопје во автобус на ЈСП линиски број 65Б, кој се движел во правец према село Смилковци, додека 16 годишно малолетно лице од село Црешево – Скопје заедно со уште неколку лица седеле на вториот спрат автобусот, на постројката пред бензинската пумпа лоцирана на улица „Методија Андонов Ченто“ се качиле три засега непознати машки лица на возраст од околу 16-17 години и седнале во близина на оштетениот.
Во еден момент едно од лицата дошло до оштетениот и физички го нападнал со тупаници и клоци, при што му се придружиле и другите лица кои продолжиле да ги удираат, влечат и малтретираат оштетениот и уште едно лице. Еден од сторителите кој држел нож во рацете, го доближил до вратот на едно женско лице. Во тој момент оштетениот со намера да го отргне сторителот го турнал, а потоа сторителите со ножеви замавнувале кон оштетениот и неговиот пријател при што му нанеле расекотина на десната потколеница. По кратко време откако се отвориле вратите на автобусот, сторителите побегнале.
Во исто време се случил уште еден инцидент. Ф.А.(18), од село Црешево – Скопје, пријавил дека околу 11.50 часот на улица „Антон Попов поточно во автобус на ЈСП број 65 кој сообраќал на релација село Раштак-Скопје, физички бил нападнат од страна на машко лице на возраст околу 18 години, кој го удрил со тупаница во пределот на лицето, при што му нанел видливи повреди во вид на оток и црвенило. До физичкиот напад е дојдено без повод и причина.
Се преземаат мерки за расчистување на двата случаи.