Средба на Кирацовски со претставници на УПОЗ

Од:

Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација Александар Кирацовски оствари средба со претседателот и претставници на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани на Република Македонија – УПОЗ.

– На средбата со претставниците од УПОЗ се разговараше за потребата од подобри услови за работа и подобрување на стандардот на вработените во јавниот сектор, потребата од укинување на казненото оценување врз вработените од јавниот сектор, ново, флексибилно работно време, како и за сериозна промена во голем дел од Законот за административни службеници и Законот за вработени во јавниот сектор, соопшти Кабинетот на Кирацовски.

Кирацовски изразил подготвеност и да придонесе барањата на УПОЗ кои се во насока за постигнување на професионална ефективна и мотивирана администрација во интерес на граѓаните на Република Македонија, да бидат во целост спроведени во наредниот период.

– Кирацовски ја акцентираше општествената потреба за силно и активно синдикално делување на синдикалните организации и изрази целосна подготвеност да даде значен личен придонес кон оваа цел, соопшти Кабинетот на Кирацовски.

Би можело да ве интересира

И УПОЗ утре ќе биде на блокадата на Собранието

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски

Деановски: По речиси две години преговори, барањата на синдикатот се прифатени

Горан Наумовски

УПОЗ прифати зголемување на платите на административците според формулата на Мицкоски

Горан Наумовски

Премиерот Мицкоски денеска на средба со УПОЗ и КСС

Горан Наумовски

Синдикатот на УПОЗ бара исплата на ноемвриската плата и заостанатите додатоци за вработените во судовите