Петковски ја потпиша Декларацијата за измена на Законот за прекинување на бременоста

Од:

„Вчера, Претседателот на НСДП, Тито Петковски во партиските простории оствари средба со преставничката на „Платформата за родова еднаквост“ Снешка Илиќ и ја потпиша Декларацијата за измена на Законот за прекинување на бременоста и обезбедување заштита на здравјето и на репродуктивните права на жената.

Со потпишувањето на Декларцијата, НСДП презема обврска пратениците во новиот парламентарен состав, по парламентарните избори на 11 декември, да дадат поддршка за измени на Законот за прекинување на бременоста во одредбите кои го ограничуваат пристапот до абортус на жените во здравствените институции и го загрозуваат правото на здравстена заштита и на репродуктивните права.

НСДП се обврза пратенциите да обезбедат трансапрентнот и партиципативност на сите заинтересирани страни, вклучително и на граѓанските организации во поцесот на донесување на нова законска регулатива, при што ќе следат и препораките на  Светската здравствена организација и обврските од националните и меѓународните документи за човеквоите права.

На средбата Петковски истакна дека НСДП како идеолошки лево оринтирана партија има обврска и должност како дел од својата политичка агенда да се бори за отстранување на сите нормативни и институцонални пречки за воспоставување на еднаквост меѓу мажите и жените.

На потпишувањето на Декларацијата присуствуваа и Претседателката на Женската оргранизација на НСДП, Марија Тодороска, потпретседателката Илинка Кољозова и пратеничката Соња Мираковска“, се вели во соопштението на НСДП.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

Трамп се предомисли, ќе гласа против заштитата на правата за абортус

Индонезија: Полицијата ќе биде единствената која ќе го одобри правото на абортус за жртвите на силување

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски