Вицепремиерот Адеми се сретна со европратеникот Петерле

Од:

 Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Арбр Адеми денеска се сретна со словенечкиот пратеник во Европскиот парламент Алојз Петерле, со кој разговарале за претстојните избори, за реформскиот процес, мигрантската криза…

Како што соопштија од Секретаријатот за европски прашања, за време на средбата соговорниците се осврнале на политичките случувања во земјата, особено, како што посочуваат оттаму, на важноста да се организираат демократски и кредибилни избори чии резултати ќе бидат широко прифатени, со што земјата конечно би излегла од долгата политичка криза и би можела да се фокусира на неопходните реформи.

Вицепремиерот Адеми ја истакнал и важноста на континуираната поддршка на Европскиот парламент за процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, и изразил очекување дека таа ќе се рефлектира и во следната резолуција на Европскиот парламент за земјата.

– Ние сме свесни дека политичката криза во земјата влијаеше врз многу сегменти, вклучувајќи ја и динамиката на реформите поврзани со ЕУ, рече Адеми, додавајќи дека по изборите тоа ќе биде главниот фокус на Владата, но и на останатите општествени чинители.

Европратеникот Петерле ја потврдил поддршката за еворинтеграцијата на земјите од регионот вклучително на Македонија, и посочил на потребата да се покажат конкретни резултати во реформскиот процес. Тој истакнал и дека земјата одиграла позитивна улога во справувањето со мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски