Голден Стејт славеше убедлива победа против Оклахома

Од:

Екипата на Голден Стејт забележа убедлива победа над Оклахома во дербито на вечерта во кошаркарската НБА лига.

Мечот кој го одбележа првиот официјален дуел на Кевин Дурант против својот доскорешен клуб заврши со победа на Голден Стејт со со 122:96.

Дурант беше лидер на „воините“ во овој триумф со учинок од 39 поени и 7 скока, додека Стив Кари постигна 20.

На спротивната страна уште еднаш лидерската улога ја потврди Расел Вестбрук кој оствари дабл-дабл учинок со 20 поени, 10 асистенции, а имаше и 6 скока.

Резултати: Голден Стејт – Оклахома 122:96, Минесота – Денвер 99:102, Милвоки – Индијана 125:107, Кливленд – Бостон 128:122, Орландо – Сакраменто 102:94.

Шампионот Клвленд предводен од Леброн Џејм и неговите 30 поени и 12 скокови забележа победа над Бостон потешко од очекуваното со 128:122.

На останатите три средби одиграни ноќеска во НБА лигата беа постигнати следниве резултати: Минесота – Денвер 99:102, Милвоки – Индијана 125:107 и Орландо – Сакраменто 102:94.

Би можело да ве интересира

Вака изгледа спалната соба на НБА кошаркарот Стивен Адамс иако заработил 145 милиони евра

Предраг Петровиќ

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on