Маријано Рахој ја претстави новата шпанска Влада

Од:

Шпанскиот премиер Маријано Рахој денеска го објави составот на својата нова влада. Рахој списокот му го претстави на кралот Филип Шести, информира ТАСС.

Втор човек на кабинетот на Рахој останува Сораја Санес де Сантамарија, која повторно ќе биде вицепремиер и министер на владината канцеларија. Тоа значи дека таа ќе одговара и за врските со автономните влади во момент кога богатата област Каталонија планира да организира референдум за независност, забележуваат британските медиуми.

Во новиот 13-член кабинет на Рахој има пет жени.

Во него важна улога ќе игра министерот за економија Луис де Гиндос, кој станува и министер за индустрија. Министер за финансии останува Кристобал Монторо, пренесуваат француските медиуми.

Министер за надворешни работи станува Алфонсо Дастис Кеседо, министер за внатрешни работи – Хуан Игнасио Соидо Алварес, а за одбрана – Марија Долорес де Коспедал, која досега беше генерален секретар на Народната партија.

Министерството за правда повторно му е доверено на Рафаел Катала Поло. Својата функција си ја задржува и Исабел Гарсија Техерина – министерката за земјоделие, риболов, прехранбена индустрија и животна средина.

Министер за образование, култура и спорт ќе биде Иниго Мендес де Виго, кој ќе ја извршува и функцијата портпарол на Владата.

Членовите на новата Влада утре ќе положат заклетва пред кралот.

Би можело да ве интересира

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина