Еуростат го демантира Тевдовски за долгот

Од:

По повод прес-конференцијата на Тевдовски од Министерството за финансии посочуваат:

Најрелевантниот извор, европската статистика Еуростат го демантира Тевдовски. Согласно Еуростат македонскиот државен долг е меѓу најниските во Европа. Двојно е помал од европскиот просек, а во регионот само Бугарија има помал долг од Македонија. Така ако државниот долг на Македонија по издавањето на еврообврзницата изнесува 41,9%, на Црна Гора е 61,8%, на Албанија 69,8%, на Србија 71,9%, на Словенија 82,3%, на Хрватска 84,5%, а на Грција 179,2%.

Интересно е што сите споредби СДСМ ги прави со 2008 година – историско најниското ниво на долгот кој го постигна оваа Влада, а не со состојбата од 2005 година која ја остави нивната влада. Две милијарди евра или скоро половина од долгот на државата се оставени од владата предводена од СДСМ – на кои капитални проекти се потрошени тие кредити?

Оваа Влада зема 350 милиони евра кредит од ЕИБ за да ги поддржи малите и средни претпријатија во време на светска економска криза. Зема кредит за да ја изгради инфраструктурата во земјава, три автопати, да се реконструира и изгради железницата во која со децении не се инвестирало, да се изградат болници, училишта градинки. Сето ова се капитални добра кои креираат нови работни места, го придвижуваат економскиот раст и создаваат трајни вредности за граѓаните. Од тој аспект – зошто секогаш кога СДСМ зборува за државниот долг заборава да го спомне фактот дека за овие десет години бруто домашниот производ, кој е најрелевантен фактор за економскиот развој на земјава, е удвоен.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрова: Бесими незаконски потпишал согласности за 3.000 вработувања во државни институции

Горан Наумовски

Протести и штрајкови најави Синдикатот на Министерство за финансии при УПОЗ ако не се потпише колективен договор

Горан Наумовски

Не смее да се вработува освен за испразнето место, но фалат луѓе во администрација вели Бесими

Анита Петровска Рајковиќ

Ангеловска: Буџетот на Здравство е навистина добро скроен и може да издржи дополнителни потреби

Ландов

Конференција за поврзаноста помеѓу спречувањето измами и истрагите

А1он

Продолжен рокот за приватизација на земјиште, изгласани законските измени

Ана Ололовска