Спасовски: Три прекршочни пријави за Диме Спасов, не ги почитувал наредбите на полицијата за сопирање

Од:

Врз основа на сите факти, констатирано е дека Туарегот е управуван од дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Тој појасни дека Спасов во двете сообраќајки кои ги направил го напуштил местото на настанот и не ги почитувал знаците и наредбите од полицијата за застанување со возилото.

– Утврдени се оштетите настанти при случувањето на двете незгоди. При тоа и според сите факти, а врз основа на законот за безбедност во сообраќајот ќе бидат поднесени пријави за напуштање на местото на настанот, бидејќи не постапил по барањата на полицијата и не го сопрел возилото на време, рече Спасовски.

МВР најави дека пријавите ќе бидат соодветно процесуирани и надлежните институции ќе треба да се произнесат во врска со нив. Според министерот, се уште се преземаат дејствија врз основа на поплаката која Спасов ја поднел во МВР.

– Утврдено е дека во возилото имало сопатник, Т.К. која дала изјава своерачно потпишана дека лицето Д.С. управувал со возилото и дека немало никакви дејствија, дека никој не тропал или удирал по возилото, рече Спасовски и додаде дека лицето М.Т. кое лажно сведочело дека го возело Туарегот нема да добие кривична пријава за давање на лажен исказ.

Би можело да ве интересира

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Распишана е меѓународна потерница по кочанчанецот кој побегна од полициска станица

А1он

Син уби татко во Скопје

А1он

ВИДЕО: Поголема количина дрога пронајдена во напуштени подрумски простории во Аеродром

Катерина Ѓуровски

Кандидатите кои ќе аплицираат за Средното полициско, да не се отпишуваат од училиште пред да заврши селекцијата, апелира МВР

Катерина Ѓуровски

Лишени од слобода 23 возачи за безобѕирно управување возило, без дозвола 21 од кои тројца малолетници