Концерт на Македонската филхармонија со Мојца Злобко Вајгл

Од:

Македонската филхармонија вечер во Домот на АРМ ќе одржи симфониски концерт „Импресии“. Како солист ќе се претстави харфистката Мојца Злобко Вајгл од Словенија, која ќе ги изведе Светите и профани танци од Клод Дебиси и Интродукција и алегро од Морис Равел.

Диригент на концертот е Борјан Цанев, кој е добитник на македонското признание „Најдобар музички изведувач во 2013 година“.

Мојца Злобко Вајгл (1967, Љубљана) е солист и камерен музичар со интернационална кариера. Предава на Академијата за музика во Љубљана, каде дипломирала во 1991 година, период кога почнала да работи и како соло-харфистка во оркестарот на Словенечката опера и балет. Настапувала со ансамбли, вклучувајќи ги и Берлинскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар на Стокхолм, Камерниот оркестар на Хамбуршката филхармонија, Гудачкиот квартет „Лајпциг“, квартетот „Орфеус“, Белградската филхармонија, Сараевската филхармонија, Националниот оркестар на Киев.

На концертот ќе бидат изведени и два танца од балетот „Естанција“ оп.8 од аргентинскиот композитор Алберто Гинастера, како и Кармен свитата од Родион Шчедрин.

Македонската филхармонија со изведбата на дело од Гинастера, се приклучува кон јубилејот – 100 години од раѓањето на еден од најзначајните аргентински композитори и латиноамерикански музичари на 20 век. Неговиот балет „Естанција“ е едно од делата сместени на врвот од неговото творештво и често е дел од репертоарот на симфониските оркестри.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска

Нов протест на филхармоничарите пред Министерството за култура

Ана Ололовска