Амбасадорите на земјите од ЕУ ќе разговараат за датум за преговори со Македонија

Од:

Проширувањето на Европската унија како точка на дневен ред денеска првпат ќе се најде пред преставници на земјите-членки на Унијата во рамки на првото утврдување на точките што ќе се најдат на дневен ред на декемврискиот Самит на Европскиот совет.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, амбасадорите при Постојаните мисии на сите земји од Унијата во европската престолнина, во рамки на состанокот на т.н. Корепер 2 група, ќе ги разгледаат извештаите на Европската комисија за сите земји-кандидати и потенцијални кандидати за членство, меѓу кои и за Република Македонија. Нивната средба ќе се одржи во зградата “Жустус Липсиус” на Европскиот совет.

Според нашите сознанија, точката проширување е една од оние што се закажани за крајот на состанокот на амбасадорите и која се очекува само да се разгледа, додека заклучоците би требало да бидат оставени за подоцна. Токму Македонија е точка на сопнување и првпат има огромен притисок од Комисијата, но и голем број на земји-членки да се одреди датум за почеток на преговори, а решавањето на наметнатиот спор за името со Грција да се решава, според предлогот ан ЕК, во првата фаза од преговорите.

Според очекувањата, амбасадорите треба само да дебатираат, додека заклучоците за декемврискиот Самит се очекува да се направи обид да се усвојат на следниот состанок на Корепер 2 групата идната недела. Ако и тогаш не се постигне консензус околу Македонија, тогаш прашањето за почеток на пристапни преговори со земјата која четирипати ендоподруго добива позитивни препораки од Комсијата, а можно е дури и да се решава на Советот за надворешни рбаоти на ЕУ, на кој заседаваат на министрите за надворешни работи на змејите-членки на Унијата, закажан за 10-ти декември, односно три ден апред Самитот на Европскиот совет.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он