Од денеска затворен за сообраќај патот Бистренци – Корешница

Од:

Од денеска до сабота ќе биде затворена за сообраќај делницата меѓу Бистренци – Корешница на регионалниот патен правец Војшанци – Бистренци – Корешница.

Прекинот на сообраќајот, како што информира Диспечерско-информативниот центар на ЈП „Македонија пат“, е поради изведување градежно-асфалтерски работи. За време на градежните активности ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

Автомотосојузот на Македонија соопшти дека поради изведување работи на пат, сообраќајот на магистралниот пат Маврово – Дебар, на Мелнички мост, од денеска до понеделник ќе се одвива по една коловозна лента, наизменично.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози