Активен вулканот Плоскиј Толбачик на Камчатка

Од:

Вулканот Плоскиј Толбачик на Камчатка се активираше, поради што на пилотите на локалните авиолинии им е препорачано да ја променат маршрутата на летовите со оглед на опасноста од вулканската пепел, која може да им наштети на моторите, соопшти прес-службата на Главната управа на Министерството за вонредни систуации во Камчатскиот крај.

Плоскиј Толбачик почна да се активира доцна синоќа, откако беше „заспал“ од декември 1976 година. Вулканот, кој се наоѓа на 3.085 метри надморска височина, исфрла пепел, која се шири во радиус од 65 километри.

Опасност за населените места околу вулканот нема, смируваат експертите, но сепак властите им препорачаа на жителите на Мајское да ги затворат вратите и прозорците на своите домови и без потреба да не изгледуваат на улиците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Русија: На местото на падот на хеликоптерот Ми-8 на Камчатка се пронајдени 17 тела

Горан Наумовски

Пронајдени се остатоците од исчезнатиот хеликоптер Ми-8 на Камчатка

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога