Во Гевгелија дополнителни екипи во итната помош

Од:

Здравствениот дом од Гевгелија воведе двојни екипи во делот на итната медицинска помош, изјави денеска в.д директорот Александар Атанасов.

– Со ова им излеговме во пресрет на граѓаните на општина Гевгелија кои за време на викендите и празничните денови беа принудени подолго да чекаат за добивање здравствени услуги, па оправдано бараа зголемување на медицинскиот персонал. Сега, во текот на викендите и празниците всушнот ќе дежураат две екипи од кои едната во амбулантата на Брза помош, а другата за интервенции на терен, рече Атанасов.

Директорот Атанасов појасни дека дополнителната екипа во делот на итната медицинска помош на терен е составена од млади, но веќе доволно искусни медицински лица и дека докторите се примени на работа во гевгелискиот Здравствен дом во текот на изминатата и оваа година.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци

(ВИДЕО) Густиот чад од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци предизвика паника кај локалното население

Се преврте цистерна на патот Гевгелија-Богданци, нафтата уште истекува, пожарот е изгаснат

Катерина Ѓуровски

Загина 37-годишен мотоциклист од Гевгелија

На две локации во Гевгелија се пронајдени починати двајца мажи

Горан Наумовски

Левица: Спречени двајца функционери на ДПМНЕ да објавуваат две функции паралелно