Концерт „Златна лира – 2016“

Од:

„Златна лира – 2016“ е насловен концертот на Наташа Михајлова, сопран, и Елена Атанасовска Ивановска, пијано, што вечер ќе се одржи во Музеј на град Скопје. На програмата се дела од Рахнмањинов, Зографски, Скаловски, Властимир Николовски, Ј. Андреевска, Љ.Бранѓолица.

Наташа Михајлова  е млад и надежен музички уметник, претставник од помладата генерација македонски соло-пејачи. Член е на професионалниот хор „Про Арс“ при СОКОМ, како и член на оперскиот хор при МОБ. Основното музичко образование го завршила во ДМУ „Тодор Скаловски –Тетоец“ – Тетово, а  средно образование во  ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ – Скопје. Паралелно посетува часови по соло-пеење. Во 2013-та, Михајлова дипломира со највисока оценка Cum Laude на „Факултетот за Музичка Уметност“ при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, отсек соло-пеење, класа на проф. Горан Начевски. Во 2016 година завршила постипломски студии кај истиот професор.

Елена Атанасовска Ивановска е една од најафирмираните пијанисти во Македонија, која активно учествува во музичкиот живот во земјава, но и надвор од неа. Основното и средното музичко образование го завршува во ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ во класата на проф.Лепа Мрмевска. Дипломира со највисока оцена Cum Laude на Факултетот за музичк­а уметност во Скопје во класата на проф. Борис Романов. Во 2005 година завршува постдипломски студии во класата на истиот професор.

Би можело да ве интересира

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

Концерти на воените оркестри од армиите на С. Македонија и на САД за Европа и Африка

Ана Ололовска

Концерт на духовна музика на хрватскиот тенор Стијепо Глеѓ Маркос

Ана Ололовска

Музичка младина на Македонија го почнува циклусот концерти „Слободна среда“

Ана Ололовска

Концерт на „Профундис“ И „13 Гудачи“ заедно со светски познатата Ирина Муресану

Ана Ололовска

Концерт на Македонски брас квартет во КИЦ на РСМ во Софија

Ана Ололовска