Маријано Рахој официјално стапи на премиерската должност

Од:

Досегашниот времен шпански премиер и лидер на конзервативната Народна партија (ПП), Маријано Рахој денеска положи свечена заклетва со што и официјално го започна својот втор мандат на функцијата на претседател на Владата на Шпанија.

– Се колкнам дека стрикно ќе ги почитувам обврските што произлегуваат од должноста претседател на Владата и ќе му бидам верен на кралот, изјави 61-годишниот Рахој при полагањето на заклетвата, држејќи ја раката на шпанскиот Устав.

На церемонијата на полагањето на заклетвата на Рахој, која беше дирекно пренесувана на шпанската национална телевизија, присуствуваше и кралот на Шпанија, Фелипе Шести.

Рахој во следните три дена треба да ја состави својата нова влада, која според аналитичарите, ќе функционира во многу поинакви услови во споредба со првиот негов мандат, бидејќи сега ПП нема мнозинство во Парламентот и за секоја нејзина одлука ќе мора да бара поддршка од некоја од опозициските партии.

Аналитичарите проценуваат дека Рахој за своите предлози најверојатно ќе се обиде да издејствиа поддршка од пратениците на либералната партија Граѓаните или од баскиските и каталонските десничасрки партии.

Рахој, кој досега раководеше со Техничката влада на Шпанија, за премиер беше избран од страна на Парламентот во саботата вечерта, со што се стави крај на 10-месечната политичка криза во земјата.

За поддршка на Рахој гласаа пратениците на ПП и партијата Граѓаните, додека претставниците на опозициска Шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) се воздржа од гласање, што тој го доби неопходното просто мнозинство за изгласуавње доверба.

Шпанија беше со Техничка влада уште од декември 2015 година, кога на тогашните парламентарни избори ниту една партија или коалиција не обезбеди мнозинство за да може да формира влада. По ова во јуни годинава се одржаа предвремени избори, на кои односот на силите во Парламентот не претрпи значителни промени.

Доколу Парламнетот до утре не избереше нов премиер, Шпанија ќе се соочеше со нови предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Шпански министер: Мојот израелски колега објави скандалозно и страшно видео

Најмалку четири лица загинаа, а 16 се повредени во уривањето на зграда на Мајорка

ВИДЕО: И Шпанија и Ирска објавија признавање на независна палестинска држава

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Шпанската полиција уапси српски мафијаши

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина