Празнични огномети предизвикаа голема загаденост во Њу Делхи

Од:

Традициналните огномети по повод на индискиот верски празник Дивали, предизвикаа главниот град на Индија, Њу Делхи денеска да се најде во густа „магла“, а загаденоста на воздухот да достигне до загрижувачко високо ниво.

Еден ден по празникот, видливоста во градот е драстично намалена, затоа што чадот од огнометите измешан со влажниот воздух и отсуството на ветер, создаде густ смог.

Индиските лекари уште пред празникот предупредуваа дека загаденоста на воздухот од вакви размери е многу опасна за здравјето на луѓето.

Мерењата што се направи покажуваат дека станува збир за загаденост која е десет пати поголема од дозволената.

Според податоците на Светската здравствена организација, Њу Делхи е најзагадениот град во светот, додека 13 индиски градови се наоѓаат меѓу 20 најзагадени на Планетата.

Освен празничните свечености, како годинешниов Дивали, за големата загаденост на главниот град на Индија придонесуваат и необезбедните услови за греење во зимските месеци, кога лугето во бројните сиромашни квартови го палат ѓубрето за да се загреат.

Секоја година, околу 620 илјади лица умираат од болести предизвикани од големата загаденост на воздухот во индиските градови.

Населението на Њу Делхи е гневно на луѓето кои за Дивали се „натпреваруваат“ кој ќе направи поголем огномет. Постојат законски прописи за тоа колкави и какви треба да бидат огнометите, но луѓето, а и локалните власти велат дека никој не ги почитува.

Градските власти сега најавуваат дека покрај патиштата ке инсталираат растерувачи на чадот и смогот.

Дивали е најзначајниот хиндуистички празник во северна Индија, со кој се прославува победата на доброто над злото.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати