Екипата на Хјустон оствари минмална победа над Далас со 93:92 откако Џејмс Харден реализираше едно од двете слободни фрлања на 0.1 секунда до крајот на дуелот. За Хјустон ова беше втора победа, а Далас остана без триумф по три натпревари.
Вечерта ја одбележаа уште: Расел Вестбрук од Оклахома Сити, кој го оствари својот 39-ти „трипл дабл“ (33 поени, 12 скока и 16 асистенции); Андре Драмонд од Детроит имаше 20 поени и 23 скокови, додека Кевин Дјурант постигна 37 поени против Феникс.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
ЛА Клиперс – Јута 88:75,
Феникс – Голден Стејт 100:106,
Мајами – Сан Антонио 99:106,
Детроит – Милвоки 98:83,
Оклахома Сити – ЛА Лејекрс 113:96,
Мемфис – Вашингтон 112:103 (продолжение) и
Хјустон – Далас 93:92.