Владејачката партија во Грузија освои над две третини од местата во Парламентот

Од:

Владејачката партија Грузиски сон (КО) по вчерашниот втор круг од парламентарните избори во Грузија, освои 115 од вкупно 150 места во Парламентот, што и дава можност да врши коренити промени во земјата, вклучително и да го смени Уставот.

Како што јави ТАСС, според податоците на Централната изборна комисија, кандидатите на КО победиле во 48 од 50-те изборни единици во кои во вториот круг се избираше по еден пратеник според мнозинскиот систем. Дополнително, КО освои уште 23 пратеници според мозинскиот модел уште во првиот круг, како и 44 мандати според пропорционалниот изборен модел.

Најголемата опозициски партија Обединетото национално движење (ЕНМ) освои 27 пратеници, сите според пропорционалниот модел, а останатите осум мандати им припаднаа на две помали партии и независни кандидати.

КО и ЕНМ важат за прозападно ориентирани партии, кои се залагаат за членство на Грузија во ЕУ и НАТО, но властите во Тбилиси сепак во својата надворешна политика се обидуваат да балансираат меѓу определбата кон Западот и обидите за подобрување на односите со Русија.

По објавувањето на првичните резултати од вчерашното гласање, грузискиот премиер Гиорги Квирикашвили изјави дека Грузија ќе „продолжи да се придржува до принципот за интеграција во ЕУ и НАТО, но во исто време ќе се труди и да ги намали тензиите со Русија“.

Би можело да ве интересира

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија

Грузиската Централна изборна комисија ги објави конечните изборни резултати, опозицијата продолжува со протестите

Демонстрантите во Грузија упаднаа во парламентот, не сакаат да го напуштат

ВИДЕО: Демонстрантите го презедоа Собранието во Абхазија, претседателот избега

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Граѓаните на Грузија повторно на улица, бараат нови избори

А1он

(ВИДЕО) Десетици илјади луѓе на улиците во Грузија, ја молат Европската Унија за помош: „Ние не ја сакаме Русија“

А1он