Седница на Цeнтралниот комитет на НДМ: Партијата е спремна за изборите на 11 декември

Од:

Централниот комитет на Народно движење за Македонија како највисоко одлучувачки орган на партијата помеѓу два конгреса, денеска на седницата во Скопје расправаше за изборниот настап на партијата на 11 декември 2016.

„Централниот комитет на денешната седница го овласти Извршниот комитет да донесе конечна одлука за самостоен или прифаќање на понудите за коалициски настап на 11 декември 2016.

– НДМ како партија која во основа се бори за заштита на виталните интереси на народот и државата, прифаќа коалициски настап под следните услови:

1. зачувување на унитарноста и територијалниот интегритет на државата;

2. неменување на името-Република Македонија;

3. неприфаќање по никоја цена двојазичност и федерализација на земјата;

4. евроатланска интеграција, но, не по секоја цена;

5. Македонија национална држава со гарантирани права на малцинствата според меѓународното право

6. минимална казна затвор од 10 години за кражба на буџетски пари и враќање на смртната казна за тешки дела на кражба на народниот имот,

7. ревизија и одземање на украденото во криминалната, нечесната и неправедната приватизација со која се изврши грабеж на општествениот имот кој 50 години го создаваа сите работни луѓе во социјализмот.

Без оглед како ќе се произнесе Уставниот суд по нашата Иницијатива до судот за уставна оценка на Одлуката за распуштање на Собранието, ние во НДМ сме спремни за избори на 11 декември како што бевме спремни и на 5-ти јуни кога поднесовме кандидатски листи доколку тогаш се одржеа изборите.

Најавувам дека многу брзо ќе доставиме до ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и останатите партии на усвојување национален документ со пет точки во кои никој нема да чепка без оглед која партија победува на избори, а со кои го обезбедуваме опстанокот и проспериттетот на народот и државата“, рече Бачев.

 

Би можело да ве интересира

„Единствена Македонија“: Скандалозно е што Заев избрал фукницонери кои си играат и учат како се води држава

Ана Ололовска

ВИДЕО: Бачев поднесе иницијатива со која бара Македонија да не влезе во НАТО

Ана Ололовска

„Единствена Македонија“ официјално ќе побара од Собранието повлекување од НАТО

Ана Ололовска

НДМ стана „Единствена Македонија“: Сојуз со Русија и членство во Еворазиската унија

Наум Локоски

НДМ: Нимиц ја крши резолуцијата 817, Македонија да го префрли спорот за името на правниот терен

Ана Ололовска

НДМ: Столтенберг да им пренесе на НАТО и ЕУ – Жива е Македонија, жив е македонскиот народ!

Ана Ололовска