ФСП до Спасов: Ако ве бркале, логично е да отидете до првата полициска станица, а не да бегате од МВР

Од:

„Форумот на слободоумни патриоти во име на чесното вмровско членство го повикува лицето Д.С. актуелен дополнителен заменик министер за труд и социјална политика да си поднесе неотповиклива оставка од функцијата која ја обавува.

После вашето лудување во алкохолизирана состојба по скопските улици во кое уништивте државен и приватен имот, ја злоупотребивте вашата функција, сторивте неколку кривични дела, како и вашето непочитување на овластен државен орган во овој момент најмалку што може да направите е да си заминете и да се повлечете од политичкиот живот во Република Македонија.

За нас смешни и неприфатливи се приказните со кои медиумските перјаници на власта се обидуваат да ве амнестираат од криминалното однесување и дивеење по скопските улици. Доколку навистина ве бркале, како што сакаа да прикажат, логично е да појдете во првата полициска станица или на бројот 192 да го пријавите тоа, а не да им бегате на припадниците на МВР.

Сакаме да му укажеме на лицето Д.С. дека семејните вредности кои во последно време ги промовирате се во основите на демохтистијанството како начин на политичко делување, а не вашето криминално однесување во алкохолизирана состојба.

За крај сакаме да го повикаме Влатко Поповски директор на Агенција за вработување, да престане да се крие и да излезе и да и објасни на јавноста во какви околности му дозволил на лицето Д.С. дополнителен заменик министер за труд и социјална политика да вози службено возило и дали постои документација за оправданоста на ваквите негови постапки. Исто така сакаме да му укажеме на директорот на Агенција за вработување дека ваквите негови постапки се класична злоупотреба на службена должност и овластувања“, се вели во соопштението на Форумот на слободоумни патриоти .

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на Форумот на слободоумни патриоти до македонската јавност

Ана Ололовска

ФСП: Македонскиот народ масовно да ја бојкотира оваа фарса наречена Референдум

Ана Ололовска

ФСП: Велепредавникот Заев во целост да го објави предавничкиот договор

Ана Ололовска

ФСП: Иванов да не го потпишува штетниот закон за употреба на јазиците

Ана Ололовска

ФСП до Заев: Ветивте живот, а не паради по градовите и евтин политички маркетинг

Ана Ололовска

ФСП: Груевски одигра штетна улога на сметка на македонските национални прашања

Ана Ололовска