Силен земјотрес со интензитет од 6,5 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска централна и јужна Италија, само една недела по потреси кои оставија без покрив илјадници луѓе.
Епицентарот бил на 132 км североисточно од Рим и на 67 км источно од Перуџа, близу епицентарот на потресите од минатата недела.
По најсилниот земјотрес денеска, забележани се повеќе земјотреси со интензитет од 3,5 до 4,8 степени по Рихтер.