Првиот играч на Оклахома Сити, Расел Весбрук ја одбележа изминатата ноќ во НБА лигата.
Вестбрук имаше трипл-дабл од 51 поен, 13 скока и 10 асистенции во триумфот на „Тандерс“ пред своите симпатизери во дуелот со Феникс од 113:100 по продолжението.
Ова беше 38-ми трипл-дабл за Весбрук кој го надмина и легендарниот Карим Абдул-Џабар, кој во 1975 година имаше трипл-дабл, но со 50 реализирани поени поени.
На останатите натпревари беа постигнати овие резултати: Торонто – Кливленд 91:94, Бруклин – Индијана 103:94, Детроит -Орландо 108:92, Мајами – Шарлот 91:97, Далас – Хјустон 98:106, Јута – ЛА Лејкерс 96:89, Њу Орленс – Голден стејт 114:122.