Судски процес распали етничка нетрпеливост во Русија

Од:

Етничката нетрпеливост во Русија се распали откако Расул Мирзаев, светски шампион во боречки вештини, од рускиот регион на Кавказ, денеска беше осуден на две години затвор за убиство од небрежност, но веднаш по читањето на пресудата беше пуштен на слобода.

Судот утврди дека Мирзаев веќе ја одлежал казната во притворот.

Одлуката за негово ослободување доведе до протести на националистите пред зградата на судот, а руската полиција за борба со безредијата го преполни плоштадот Манежни пред Кремљ за да ги спречи судирите меѓу националистите и претставниците на етничките малцинства од Кавказ.

Шестмина националисти биле приведени, вклучувајќи го и водачот на демонстрациите Дмитриј Домушкин.

Мирзаев во 2011 година, пред еден московски ноќен клуб го удрил тогашниот полициски курсист Иван Агафонов, по што Агафонов ја навредил пријателката на Мирзаев. При падот на земја Агафонов си ја удрил главата во решетка од канализациска шахта и починал четири дена подоцна.

Процесот на Мирзаев предизвика гнев кај националистите, кои го обвинија дека со умисла го убил рускиот полициски курсист.

Приврзениците на спортистот тврдат дека Агафонов ја предизвикал тепачката, а неговата смрт настапила случајно.

Во Русија има значителна напнатост меѓу етничките Руси, кои сочинуваат две третини од 142-милионското население на земјата и над стотината етнички групи, кои ја формираат преостанатата третина од населението, посочуваат американските медиуми.

Стотици илјади лица од Кавкаскиот регион се насеелни во централна Русија во потрага по работа, што доведе до ксенофобија и зголемување на криминалот од расни побуди.

Мирзаев (26) е од Дагестан, најмултиетничката република на Руската федерација, која со години наназад е епицентар на исламски бунт, што се јави од сепаратистичките војни во соседна Чеченија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина