Турската армија неутрализира над 100 членови на ПКК при операции во источна Турција

Од:

Турската армија неутрализира над 100 членови на Курдската работничка партија (ПКК) во операциите во источна и југоисточна Турција во текот на неколку дена, пренесе агенцијата Анадолија.

Акциите биле извршени од 20 до 26 октомври, соопшти денеска турската армија.

Операциите биле извршени во осум окрузи – Хакјари, Агри, Ширнак, Дијарбекир, Бингол, Батмен, Битлис и Сирт.

Неутрализирани биле вкупно 105 курдски сепаратисти.

ПКК, која се смета за терористичка организација од страна на Турција, ЕУ и САД, ја обнови својата 30-годишна борба против турската држава во јули минатата година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски